ImagePR е етаблирана и по многу нешта уникатна
Агенција за oдноси со јавноста и промоција во Република Македонија,
која преку доследно почитување на професионалниот кодекс, доверливост и
лојалност, креира и имплементира комуникациски стратегии и програми за
своите Клиенти врз принципот на one-stop-shop (сé на едно место).
ImagePR е основана 2002 година од страна на мала група
ентузијасти - експерти на полето на односите со јавноста - кои врз себе
ја презедоа мисијата за развој и унапредување на професијата „ПР
експерт“ во Македонија.
ImagePR го гради својот успех врз основа на
вредностите во кои веруваме и на кои цврсто опстојуваме во нашето
секојдневно работење. Резултатите на нашите Клиенти најмногу говорат за
тоа.
За ImagePR, работењето на полето на
комуникациите не претставува само бизнис, туку секојдневно докажување
на професионализмот, етиката и деловната култура. Овогодишната
номинација за престижната награда за односи со јавноста GOLDEN WORLD
AWORDS 2007 на Меѓународната организација за односи со јавност (IPRA)
целосно ја оправдува оваа наша стратешка определба.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Тим со професионален, морален кредибилитет и искуство.
Константно вложуваме во развојот на човечкиот капитал.
Професионалност пред сé!
Секоја работа што произлегува од ImagePR мора да биде добро осмислена и професионално реализирана.
Посветени сме и го сакаме она што го работиме.
Успесите на нашите Клиенти се нашата работна енергија.
Етиката е дел од нашето портфолио.
Вложуваме во нашиот професионален интегритет и ја почитуваме деловната
култура на однесување и доверливоста на информациите од нашите Клиенти.
Сé на едно место (one – stop - shop).
Осмислуваме, креираме, имплементираме и управуваме со сите видови
комуникациски услуги (Односи со јавноста, рекламирање и директен
маркетинг)
Ги користиме сите достапни информации.
Само квалитетната анализа овозможува ефективни комуникации.
Мобилност и флексибилност.
Комуникациите немаат вообичаено работно време, се случуваат секогаш и секаде. Ги следиме и реагираме...