Зa ImagePR

Во можноста да ја видиме големата слика и да се посветиме на деталите се
кријат успешните комуникациски проекти на нашите ценети клиенти, во кои и ние имаме значаен удел.

 

Кога во 2002 година беше основана ImagePR, нејзините основачи ги водеше идејата дека во сегментот на професионални комуникации во Македонија недостасува еден многу важен сегмент. Одлучија своето дотогашно искуство и стекнатата репутација од работата во областа на маркетингот, новинарството и други сродни области да ги стават во функција на развојот на една нова професија и ја формираа првата независна специјализирана агенција за односи со јавност во Македонија.

Со текот на работата стана повеќе од јасно дека ниту една комуникациска дисциплина одделно не може да ги даде максималните резултати за клиентите, заради што тимот на ImagePR се посвети на стратешките комуникации и комуникацискиот менаџмент. За да се постигне посакуваното ниво на управување со вкупните комуникации, го практикуваме моделот на интегрирани комуникации, кои освен стратешки и ефективни односи со јавноста, во себе ги инкорпорираат и маркетиншките комуникации.

Денес, со право можеме да кажеме дека тимот на ImagePR преку високо ниво на професионализам и етички пристап, предлага решенијата, поставува и реализира комуникациски платформи на долг рок, за кои најмногу можат да зборуваат нашите клиенти, без оглед колку во моментот кога се зададени, изгледаат комплицирани и невозможни.

За ImagePR бројот на клиенти не е мерило за успешност, напротив, бројот на успешни долгорочни приказни е нашиот главен адут. Затоа велиме дека инсистираме на партнерство, наместо однос клиент – агенција. Секој што исто така верува во оваа формула е добредојден во внимателно одбраниот круг на клиенти, во чии вредности мораме да веруваме пред да започнеме да работиме што било. 
 

Комуницираме вредности!  

Искуство